Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Таинствениот близнак: Сите зборуваа за ќерката на Џеј Ло, но како изгледа нејзиниот брат?

Популарните родители го опишаа момчето со неколку зборови…

Пред точно 18 години, латино дивата Џенифер Лопез се запозна со една година постариот музичар Марк Ентони и тогаш, како што медиумите ја нарекоа, најголемата љубовна приказна за славните. Двојката својата страсна врска ја крунисале со брак во 2004 година, само неколку дена откако Ентони се разведе од поранешната сопруга Дајанаре Торес.

Многумина биле во шок, но Џенифер и Марк изгледале целосно заљубени. Свадбата се одржа во нивната вила во Беверли Хилс пред само 40 избрани гости, а нивниот брак во кој добија близнаци – Максимилијан и Ема, траеше цели десет години. Но, што прават слатките 13-годишници денес?

Верните фанови многу добро знаат дека преслатката Ема е љубител на камери и рефлектори, па многумина коментираат дека еден ден ќе биде наследничка на нејзината мајка. Години наназад, таа ја придружуваше мајка си на турнеи, а неколку пати и самата се искачила на големата сцена, фатила микрофон во рацете и пеела пред многубројната публика.

Но, нејзиниот брат, таинствениот Максимилијан, не е толку експониран во медиумите, а славата, судејќи според изјавите на неговите родители, не го интересира ни најмалку. Макс, како што го нарекува Џенифер, исто така ја сака уметноста, но не во иста мера како неговата сестра. Извор близок до семејството тврди дека момчето е вистинска копија на неговиот татко, а мајка му еднаш го опишала со неколку зборови.

„Макс е полн со енергија и многу духовит човек“, додаде своевремено Џенифер. Иако избегнува камери, Макс во последните години зема приватни часови по пијано и вели дека има големо уво за музика. Марк еднаш зборуваше за својот наследник, па покрај неговата духовитост, тој спомена и дека неговиот син има големо срце и дека е секогаш подготвен да им помогне на сите. Тој е, исто така, многу интелигентно и дисциплинирано момче.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement