Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Седум модни парчиња кои вреди да ги имате во плакарот по 30-та година

Кога влегуваме во триесеттите години, нашиот моден стил станува порафиниран и изграден, подобро знаеме што сакаме, а што не, и што е најважно, се чувствуваме добро во она што го носиме. A за секоја жена во триесеттите, следните седум модни детали се многу добредојден додаток на гардеробата, со кој шик и впечатлив стил ќе биде загарантиран.

Функционална чанта за носење преку тело
Овој вид практична чанта може да се најде во повеќето женски гардеробери, и тоа е особено посакуван (и неопходен) моден додаток ако имате над триесет години. Со ваква чанта, вашите раце ќе бидат слободни, нема да ви падне од рамената, и можете да ја носите на дневни и вечерни пригоди.

Свиленкаста марама
Марама заврзана околу вратот е само еден од начините на кои можете да го носите овој „must have“ моден додаток. Замотајте ја марамата околу главата, украсете ја чантата со неа или носете ја како нараквица врзана околу вашиот зглоб. Свилената марама одговара на секој стил на облекување, подигрувајте со различни комбинации и носете ја во разни пригоди. Можете исто така да ја разубавите фризурата со свилена марама, да ја врзете околу опашката, да направите плетенка – оставете ја фантазијата да дивее!

Бели патики
Триесеттите години нè учат да не ја жртвуваме удобноста за стилот, а белите патики можат да бидат најразновидните обувки во гардеробата. Со бели патики ќе изгледате шик без многу напор. Изберете патики од кожа или платно, материјалот не е важен, важно е да се чувствувате добро носејќи ги со фустани, здолништа, фармерки и панталони. Белите патики се вистински моден камелеон, што значи дека одговараат на се што имате во плакарот. Само бидете сигурни дека тие се секогаш чисти.

Ефективен накит
Без разлика дали носите еден подебел и повпечатлив накит за да подигнете обична горна облека или повеќе претпочитате да комбинирате потенок метален накит со подебел ланец, тоа е ефектен и модерен шик накит што мора да се има. Избегнувајте да купувате накит изработен од бакар бидејќи може да предизвика привремена дисколорација на кожата. Инвестирајте во добар, квалитетен накит што ќе можете да го носите со години.

Округли обетки
Спротивно на популарното верување, правилото дека иста големина им одговара на сите не важи за округлите обетки. Изберете големина на обетки што најмногу одговараат на вашата форма на лице и не плашете се да експериментирате со различни форми како што се оние во облик на солза или овални. Без разлика дали избирате минималистички златни обетки или украсени со циркони или некои други столбови, округлите обетки може да се носат со обична маица и свечен фустан.

Квалитетни очила за сонце
Во триесеттите години, време е да заборавите на ефтините очила за сонце купени по пат во продавница и да се грижите за вашите очи со носење очила за сонце со квалитетни леќи. Освен што ќе го заштитите видот, добрите очила за сонце ќе ви дадат и дополнителна самодоверба. Ако сè уште не сте подготвени да инвестирате во дизајнерска чанта, очилата за сонце се одличен избор за да уживате во малку луксуз.

Шешир
Не мора да имате „bad hair day“ за да носите шешир – сега кога сте во триесеттите , нека овој елегантен моден додаток биде вашиот најчест моден избор. Пробајте различни модели и стилови на шешир или капи за да го пронајдете оној што најмногу одговара на вашето лице и стил на облекување.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
betcio   casibom   betlike   jojobet   betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom