Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Овие 7 основи се клучот за добриот изглед на Анџелина Џоли

Angelina Jolie 'Maleficent - Mistress Of Evil' film photocall, Rome, Italy - 07 Oct 2019,Image: 475437202, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Massimo Insabato / Shutterstock Editorial / Profimedia

Таа е една од најубавите актерки на нашето време, а основата на нејзиниот завиден изглед се правилата од кои не отстапува со години.

Колку и да мислите дека сме над ситуацијата, неоптоварени со туѓ живот и изглед, ќе признаете дека барем дел од вашиот мозок се прашува дали e до генетика или нешто таинствено во начинот на негата. А како изгледа таа нега, односно дали овие скапи производи навистина имаат магичен ефект.

Анџелина Џоли е една од природните убавини со прекрасен тен, која е комбинација од генетика, но и нега на кожата на лицето. Свесна дека многу фактори влијаат на кожата, од исхраната, надворешните фактори, спиењето… нејзиниот пристап кон убавината е холистички, а грижата за изгледот не е ограничена само на примена на козметика.

Откриваме некои од постулатите што 46-годишната актерка ги практикува:

1. Започнете млади со грижа

Грижата за кожата е многу важна и од рана возраст потребно е да се грижите за себе и да бидете редовни во неа, како и да се грижите за тоа што јадете и што ставате на вашата кожа. Кога ќе го прифатите тоа, вие сте на вистинскиот пат, а Анџелина почна да се негува како тинејџерка.

2. Минимална шминка

Шминката е составен дел од работата на Анџелина, но кога не работи, никогаш не се шминка. А кога ќе се нашминкате, задолжително отстранете ја пред спиење. Секогаш се грижи за веѓите бидејќи смета дека тие го омекнуваат изгледот на лицето и сами по себе се украс.

3. Балансирајте ја бојата на усните и очите

Анџелина избегнува темни бои на кармин за да го подобри или потенцира природниот сјај на нејзините очи. Значи, ако ги обоите усните со темни кармини, шминката на вашите очи нека биде дискретна, а доколку се одлучите за чадени очи (smokey eyes), користете кармин во природна боја.

4. Никогаш не прескокнувајте нега

Бидејќи многу патува, Анџелина внимава никогаш да не ја прескокне својата рутина за нега на кожа, а нејзините основни производи секогаш ги носи со себе. Користи производи со антиоксиданси и алфа-хидроксили, како и антиоксидантни креми за сончање без хемикалии. Се разбира, кремата со заштитен фактор е примарна уште од нејзината младост, а сега особено затоа што сака, меѓу другото, да избегне проблеми со пигментацијата.

5. Животот е краток, нека биде максимално исполнет

Постојат бројни ангажмани што актерката среќно ги презема и вешто балансира помеѓу родителството, приватните проблеми од една страна и глумата, режијата, хуманитарната работа, од друга страна. „Запомнете, животот е краток, искористете го максимално за сѐ што ќе посакате. Дајте сѐ од себе. Слушајте го своето срце“.

6. Убавите манири и сочувство се секогаш во мода

Шесте деца што Анџелина ги има со Бред Пит, и покрај нивните материјални можности, патувања, искуства, приватни наставници, се сосема пристојни, љубезни и нормални деца. „Без оглед на вашето потекло или приход, не ги расипувајте вашите деца. Научете ги што е тоа емпатија, дајте им искуства наместо материјални работи и покажете им дека убавите манири се секогаш во мода, без разлика колку сте богати“.

7. Грижете се за вашето здравје, бидејќи без него немате ништо

Мајката на Анџелина починала од рак на јајниците кога имала само 56 години. Откако открила дека е носител на генот за рак BRCA1, актерката направи двојна мастектомија како мерка на претпазливост и нејзините јајници беа отстранети. Исто така, минатата година била дијагностицирана со Белова парализа,  успешно лекувана, но тоа е потсетник дека сите ние мора да забавиме и да се грижиме за себе. „Можете да работите и да имате толку многу пари во банка што не можете да ги изброите, но ако немате здравје, немате ништо. Запомнете, вашето тело ќе ве предупреди ако го игнорирате здравјето долго време, и понекогаш може да биде предоцна“.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
betcio   casibom   betlike   jojobet   betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom