Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Моника Белучи во комбинација која Ана Винтур не ја поднесува

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева Касел била една од главните sвезди на спектакуларната модна ревија на Dolce & Gabbana што се одржа во Венеција.

Убавата 16-годишна девојка е новата муза на италијанското модно дуо и заштитно лице на нивниот бренд, па очекувано учествувала во презентацијата на нови креации за висока мода.

Во Венеција пристигнала во друштво на своето момче Лука Саландра и нејзината мајка Моника, која ја придружува својата сакана на сите снимања и модни настани. Во пресрет на шоуто, Моника е снимена во многу едноставна комбинација во која често ја гледаме.

Познатата 56-годишна убавица обожава комбинации на црна облека и ги носи скоро во сите прилики. Во Венеција пристигна во класични црни панталони и блуза со потпис на модната куќа Dolce & Gabbana, а изданието го заврши со потпетици и чанта во црна боја.

И додека Моника сака да носи црно од глава до пети, најмоќната жена во светот на модата не го поднесува. Се разбира, тоа е Ана Винтур, извршната уредничка на американското издание на списанието Vogue, која еднаш во интервју за каналот на нејзиниот магазин на YouTube додаде дека никогаш нема да носи црно од глава до пети.

Со оглед на тоа што Ана е љубител на statement примероци и живописни бои, всушност не е изненадување што не е склона кон исклучиво црна облека.
Сепак, за многу жени, вклучувајќи ја и Моника, таа и понатаму останува една од најдобрите и најразновидните комбинации.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement