Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Џенифер Лопез во кралски стајлинг на Долче и Габана

Џенифер Лопез моментално ужива во Италија. Без Бен Афлек, оскаровецот со кого ја обнови долгогодишната романса и од кого не се раздели во последните месеци. Италијанското дизајнерско дуо Долче и Габана, имено, во волшебната околина на плоштадот Свети Марко. Брендот во Венеција пред четиристотини најпочитувани клиенти од целиот свет го организираше шоуто Алта Мода каде целото внимание го украде латино дивата во кралското издание…

Италијанското дизајнерско дуо Долче и Габана организираше модна ревија во Венеција минатиот викенд, а меѓу многуте достоинственици од целиот свет кои добија шанса да ја видат новата колекција на мода на ова славно модно дуо беше 52-годишната латино дива Џенифер Лопез.

Овој гламурозен повеќедневен настан организиран од италијанското модно дуо се случува во пресрет на 78-то издание на венецијанската Мостра, кое официјално започнува за два дена, првиот ден од септември.

Шоуто го следеа многу познати личности – од Doje Cat, Ciare и Кортни Кардашијан преку Моника Белучи и Кити Спенсер до актерската дива Хелен Мирен.

Џенифер Лопез, американска пејачка и актерка на шоуто се појави во кралското издание и со потписите на Доменико Долче и Стефан Габана – од глава до пети.

Под прекрасната зелена наметка во која доминираше розово – цветен принт што го допираше подот, таа носеше комплет составен од кроп-топ и панталони со висок струк.

Целата комбинација ја ,,подигна” на сандали со вртоглаво високи платформи, кои веќе станаа нејзин заштитен знак.

Стајлингот го зачини со минијатурна златна чанта, а на главата носеше цветна круна што дополнително придонесе за кралското држење.
Комбинацијата ја сподели и на својот Инстаграм и доби неколку милиони лајкови од обожавателите кои останаа импресионирани од стајлингот и не се воздржуваа со комплиментите во своите коментари: Изгледаш прекрасно! – најчесто можеше да се забележи во пораките.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement