Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Нераскажаните тајни на Кејтлин Џенер во новиот документарен филм на Нетфликс

За сите оние на кои им се допадна документарниот филм за Мајкл Џордан, Нетфликс подготви изненадување – спортската документарна серија за Кејтлин Џенер во моментов е достапна на оваа стриминг платформа. „Untold: Caitlyn Jenner“ ќе раскаже сè за освоениот златен медал на Олимписките игри во дисциплината десетобој во 1976 година. Во тоа време, таа се сметала за најдобра спортистка на сите времиња, а во нејзината татковина била исто така позната како „американски херој“.

Серијата од 5 епизоди ќе ни покаже како Олимписките игри за Кејтлин не претставувале натпревар во кој таа ги брани боите на Соединетите држави, туку начин да ги оттргне мислите од внатрешните борби со кои се борела себеси со години. Со поставување нов светски рекорд, Кејтлин стана слика и можност за тоа како треба да изгледа и да се однесува еден спортист – а таа тешко можела да прифати себеси тој период. Сепак, со текот на годините, таа научила вешто да го крие своето вистинско јас зад сликата на спортист што јавноста ја обожавала.

За првпат публиката ќе може да види архивски снимки од златните години на Кејтлин Џенер, како и да слушне што ѝ даде храброст да се прифати себеси и да го започне процесот на транзиција. Од освојување златен медал, па сè до нејзината политичка кариера – Болката која Кејтлин Џенер ја носела длабоко во себе толку години е прикажана новата документарна серија на Нетфликс.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement