Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кејт Мидлтон – Фамозен фустан со посебно значење

Со нејзиниот избор на комбинации на облека, војвотката од Кембриџ прославила многу модни дизајнери, чии креации се распродадоа со неверојатна брзина, откако ги носела. Затоа, не е изненадувачки што некои брендови именувале одредени дизајни по неа.

Во септември 2019 година, сопругата на принцот Вилијам била фотографирана на првиот училишен ден, носејќи ја принцезата Шарлот на почетокот од наставата. За оваа прилика, таа избрала црвено-бела кошула-фустан со цветен принт, со потпис на Мајкл Корс, попознат како „Carnation dress“, кој веќе го носела во 2018 година.

Ова стилско парче облека доаѓа во комбинација со црн појас околу половината, која прекрасната бринета ги поврза со високи потпетици во иста боја.

Класичен, а сепак доволно смел, овој стајлинг нè плени долго време + едноставен е за брзо спремање. Совршено за мајки како Кејт! Ременот има истакнат струк, совршено ја обликува секоја фигура.

Нашето мало модно истражување нè доведе до нова линија фустани на Мајкл Корс, кои се многу слични со кошулата што ја носела Кејт во тоа време, со впечатлив појас околу половината – и сите го носат името „Kate“.

Не можеме да тврдиме со сигурност, но не можеме да го препишеме со целосна случајност. Дали фустанот го доби своето име во чест на војвотката? Зошто да не? Ова е еден од најпродаваните модели на фустани на брендот и сигурни сме дека целата заслуга и припаѓа на Кејт.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement