Би излажале ако кажеме дека понекогаш е потребно мошне малку: како еден мал црн фустан. Не, треба да бидете она што не може секој да биде: Шерон Стоун.
Познатата холивудска актерка стигнала во Венеција пред неколку дена, со цел да учествува во специјалната кампања како една од главните лица во промоцијата на луксузната колекција на модната куќа Dolce & Gabanna.
Шерон не била единствената славна личност видена за време на промоцијата на оваа луксузна колекција, но дефинитивно била најзабележана.
Колекцијата наречена Genesis Collection ќе се појави на пазарот малку подоцна во септември, и ќе содржи парчиња облека дизајнирани лично од Доменико Долче и Стефано Габана.
D&G се познати по нивната комбинација на смели дизајни и светли бои, но и по маестралните „all black“ стајлинзи што често ги носи една од нивните водечки музи – Моника Белучи.
Меѓутоа, кога станува збор за црниот тотален изглед, викендов на модниот сет во Венеција, имавме можност да видиме како Шерон не заостанува многу зад саканата италијанска бринета.










