Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Погледнете го трејлерот за новиот филм за принцезата Дијана

Официјалниот филмски трејлер ја раскажува приказната за моментот кога принцезата Дијана сфатила дека нејзината глава е повредна од традиционалната и проклета тиара на неа.

Вчера ја објавивме веста дека е постиран плакатот за долгоочекуваниот филм „Spencer“, а само неколку часа подоцна, публиката ширум светот конечно доби можност да го види трејлерот. Првата фотографија е објавена во март оваа година, и веќе можевме да забележиме дека костимографијата во овој филм ќе биде беспрекорна. Црвено-зелениот кариран блејзер од колекцијата на Шанел за есен/зима 88/89 совршено го претстави иконскиот стил на Дијана, како и реплика на вереничкиот прстен што моментално можеме да го видиме на прстот на Кејт Мидлтон. Прстенот, инаку, е направен на ликот на брош што принцот Алберт и го подари на кралицата Викторија во 19 век.

Трејлерот што ќе го гледате само ги потврди нашите сомнежи – сигурно ќе можеме да го видиме овој филм на листата филмови номинирани за Оскар. Како што беше претходно најавено, филмската приказна ќе биде сместена во само 3 дена, но 3 дена што засекогаш го сменија животот на кралското семејство. Филмот ќе го прикаже емотивното патување на принцезата од Велс, што ја натера да ја замени титулата со моминско презиме, Спенсер. Режисерот Пабло Лареин е познат по биографскиот филм „Jackie“, кој го следеше животот на Џеки Кенеди по убиството на нејзиниот сопруг.

Светската премиера ќе биде на 5 ноември, а дотогаш, бидете меѓу првите што го погледнале овој долгоочекуван трејлер.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement