Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Мараја Кери ја промени професијата?!

Мараја Кери влезе во светот на брендирани алкохолни пијалоци, лансирајќи нова линија крем ликери…

Пејачката, со неколку Греми награди, објави дека нејзината нова „Black Irish“ компанија е отворена и дека нуди три вкусови што можат да се купат. Според локалните медиуми, алкохолниот пијалок бил официјално пуштен во продажба минатиот понеделник, и содржи 17 проценти алкохол.

Black Irish моментално е достапен во три вкусови – original, бело чоколадо и солена карамела. Компанијата го опишува производот како „направен и произведен во Ирска, во сертифициран, одржлив објект со 50% обновлива енергија“, додавајќи дека нивниот пијалок „слави исклучителен квалитет со мешавина од зрело ирско виски и супериорни млечни производи од ирски фарми“.

Познатата пејачка ја сподели оваа вест на социјалните мрежи, со фотографија на која таа носи блескав златен фустан на плажа и шише Black Irish. Како што вели, името на нејзиниот бренд е „разигран омаж кон нејзиното црнечко и ирско потекло“. Секој вкус доаѓа во пакување од 750 или 50 мл, додека капачињата од шишињата се стилизирани со нејзини иницијали и визуелни пеперутки.

„Работам на овој проект речиси две години и многу ми е драго што конечно можам да го споделам со вас. Сакав да создадам нешто што ќе биде олицетворение на сезоната на празници и да ни даде причина да славиме секој ден“, вели Мараја.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement