Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Брзо, фино и без месо: Рецепт за темпех прсти во сос од теријаки

Темпехот има многу протеини, добри масти и растителни влакна и не содржи премногу калории, поради што е омилен во веганската кујна…

Во веганската и вегетаријанската кујна, темпехот е еден од омилените јадења. Овој ферментиран производ од варена соја има многу протеини, добри масти и влакна а не содржи премногу калории. Разновидниот темпех е одличен во сосови, чорби, како и додаток на тестенини или сендвичи.

Ако не ви се допаѓа горчливата нота на темпехот, накратко згответе ја на пареа, и ако малку вложите труд околу маринадата, лесно се претвора во сензационален вкус. Ако ви се допаѓа азиската кујна, пробајте темпех во комбинација со соја сос и миризливи зачини.

Состојки за теријаки темпех:

1 пакетче темпех
1 лажица маслиново масло

Маринада:

3 лажици супа од зеленчук
1 лажица соја сос
½ лажички лук во прав
¼ лажички кромид во прав

Теријаки сос:

4 лажици соја сос
1 лажичка сусам или маслиново масло
1 лажица мед
1 лажичка срирача или лут сос по ваш избор
1 лажичка оризово вино или јаболков оцет
½ лажички лук во прав
½ лажички скробно брашно

Декорација:

сусам
млад кромид

Подготовка:

1. Исечете го темпехот и варете го на пареа 10 минути. Правите мешавина од сите состојки на маринадата и добро со дрвена лажица ја мешате смесата неколку минути.

2. Ставете го темпехот во сад и прелијте со маринадата. Маринирајте најмалку 20 минути.

3. Истурете го маслото во тавата и кога ќе се загрее пржете го темпехот 3-5 минути од секоја страна додека не стане крцкав.

4. Измешајте ги состојките за сосот во голема чинија, а потоа додадете темпех. Потоа извадете го темпехот од сосот и вратете го во тавата и пржете околу 30 секунди од секоја страна за да се карамелизира. Исклучете го огнот и истурете го преостанатиот сос. Оставете околу една минута за сосот малку да се згусне. Послужете и посипете со сусам и сечкан млад кромид.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement