Есента е практично пред нашата врата и не можевме да бидеме повозбудени поради потоплите комбинации на облека. Блејзерите како безвременска класика, се основа на секој „mid season“ аутфит. Тие се придружени со макси обемни фустани, тренч ретро палта и мека трикотажа.
Она што ниту една модна девојка нема да пропушти да го вклучи во својот стајлинг оваа есен се XXL плетените елеци, со кои веќе сме опседнати. Во комбинација со бела кошула и фалта мини здолниште ќе добиете непогрешливо стилско издание. И не заборавајте кожени алишта како есенски „must“, како што се „statement“ панталони или миди фустан што ја следи линијата на телото.
Кога станува збор за боите, ќе преовладуваат сите нијанси на портокалова и кафеава, а нашата препорака е да ги комбинирате со црвена и црна боја. Ако сакате да си играте со текстури и бои, пробајте мешавина од злато+кафеава+розова.
Сепак, сè уште сме во преоден рок, што ни овозможува да комбинираме блејзери со сандали, како и есенски чизми со шорцеви. Одлучете се за удобен џемпер-рол наместо капут или блејзер, не е потребно да го напикате во здолниште или фармерки, да извлечете еден крај и на тој начин ќе постигнете дополнителна динамика. Ако сè уште не сакате да се откажете од омилениот летен пар штикли, комбинација чорапи со отворени чевли се IN за храбрите.
Инспирирајте се во нашата галерија со 15 аутфита кои перфектно демонстрираат како се прави тоа.














