Беше септември 2017 година, кога тогашниот нов француски дизајнер Симон Порт Жакемус ја претстави својата прва „голема“ колекција во музејот Пикасо во Париз наречена „Ла бомба“.
Таму љубителите на модата првпат стапија во контакт со ексцентрични мали чанти. Продолжението е добро познато, бидејќи модните икони, меѓу кои и Емили Ратајковски, Ким Кардашијан, Кендал Џенер и Ријана, ги направија микро чантите најпопуларни со нивниот избор.
Четири години подоцна, овие дизајнерски мини чанти освоија важно место во нашиот гардеробер, станаа „заштитен знак“ на дизајнерите и беа извор на инспирација за многу модни креатори.
Како што модата се развива и секогаш се прилагодува на годишните времиња, се појавија нови микро дизајни кои ни ги украдоа срцата.
Постојат многу познати брендови кои презентираа специјални дизајни, меѓу нив Кристијан Диор, Мејсон Маргиела и Ботега Венета.
Ги откриваме најубавите модели за претстојната есенска сезона во фотогалеријата.

BOTTEGA VENETA

MINI SADDLE, DIOR

AMINA MUADDI

THEMIS Z

MAX MARA

MCM

JACQUEMUS

PRADA

MARELLA

BALENCIAGA
