Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Контроверзноста околу „ефтиниот“ фустан на Сара Џесика Паркер не стивнува

Sarah Jessica Parker is seen at the film set of the 'And Just Like That' TV Series in New York City. NON-EXCLUSIVE August 9, 2021. 09 Aug 2021,Image: 626377818, License: Rights-managed, Restrictions: World Rights, Model Release: no, Credit line: Jose Perez/Bauergriffin.com / MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Во тек е снимањето на продолжението „Сексот и градот“, а многу фанови ширум светот се целосно разочарани од стајлингот на нашата омилена Кери Бредшо.

На сите ни недостига Саманта, и покрај гласините дека ќе се појави во продолжението на серијата, сепак треба да се помириме со фактите што покажуваат дека тоа искрено нема да се случи.

Сепак, додека не почнале да се појавуваат фотографиите од снимањето, воопшто немавме идеја колку всушност ќе ни недостасува Патриша Филд!

Костимографката и стилистката задолжена за многу стилски изданија поради која Кери немала доволно пари за кирија, Патриша стоела зад сите нејзини екстравагантни избори за кои ние самите никогаш немаше да имаме доволно пари или храброст.

На крај излезе (по којзнае кој пат) дека жените ширум светот сè уште сакаат да го видат она што никогаш нема да можат да го имаат, бидејќи сакаат да евоцираат чувство на едно неделно утро во тивок стан на Менхетен, барем преку имагинацијата.

„Морам да кажам: едноставно не ја чувствувам оваа облека. Воопшто! Знам дека Кери остарела и дека нејзините стајлинзи што ги носела во младоста можеби не се соодветни сега, но зошто побогу е облечена како стара баба? “ – ова е дел од низата на негативни коментари по социјалните мрежи, предизвикани од стајлингот на Сара Џесика, потпишани од брендот Raga.

Имено, макси фустанот со боемски дезен, кој актерката го носеше во една од епизодите на новото продолжение, првично се мислеше дека припаѓа на fast fashion колекцијата Forver21. Евтината облека што се произведува кој знае каде во многу веројатно нехумани услови за работниците, ги налути и љубителите на серијата и оние на модата.

„Сите сакавме да живееме индиректно преку Кери, бидејќи таа ќе го носи она што многумина од нас не можат да си го дозволат секојдневно. Особено како хонорарец на почетокот на серијата. Обожавав да избегам во тој свет, а модата е она за што живеам и умирам, така да се каже. Не би сакала да зборувам во име на сите нас, но Forever21 не е она што сакаме да го носи кралицата Кери “, искоментира искрено и разочарано една од обожавателите на серијата.

И кога се дозна дека не се работи за fast fashion бренд, туку за американскиот бренд Raga, и дека цената на фустанот е 125 евра и дека, се разбира, сега е широко распродадена во сите можни онлајн продавници, драмата не стивна.

Фановите на серијата посакуваат продолжение на модната бајка што Патриша Филд многу вешто им ја сервираше.

Драмата продолжи пред неколку дена, кога хероина на серијата повторно беше видена во ист стајлинг.

Не помогнале ниту гламурозни додатоци што ги носела на себе: чанта Gucci x Balenciaga со монограми, и феноменални платформа потпетици по цена од 325 евра со потпис на Terry de Havilland.

„Кери никогаш не би го носела ова“, заклучи еден обожавател на серијата.

Не сме сигурни дали саканата колумнистка од Њујорк во своите 50 -ти години би носела поприфатлива облека и сигурно помалку глам, но сигурни сме дека нема да бидеме во кожата на новите костимографи на ова култна серија: Моли Роџерс и Дени Сантијаго.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
mrking   mrking   betcio   casibom   betlike   jojobet   betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom