Предупредување: постои можност да не можете да запрете.
“Внимавај што посакуваш, можеби и ќе ти се оствари”, рекол некој мудар човек во минатото, и ние премногу пати сме чувствувале на нашата кожа колку бил во право. Колку и да изгледа банално дека сакате квалитетна ТВ програма, додека конечно не ја добиете, не знаете што всушност сакате.
Нешто што изгледа вака: телефонот на „mute“, најлошите можни изговори за одбивање на покана за излегување или воопшто дружење, поприлично голем број нездрави намирници, бидејќи како ќе уживате во ТВ серијата без квалитетно грицкање: најдобар случај е викенд што ќе го поминете без да се тргнете од каучот, но мирен ум подготвен за понеделник, а сепак има и полошо сценарио: сето ова да го направите во текот на работниот ден и доаѓате на работа втор ден по ред со сомнителни изговори и темни кругови на очите.
Се надеваме дека соодветно ве предупредивме, бидејќи подолу ви го претставуваме најдоброто што оваа година можеше да го понуди досега, и верувајте има доволно за сечиј вкус:
Hacks
The White Lotus
Mare of Easttown
Cobra Kai
Behind Her Eyes
The Serpent
It’s a Sin
