Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Има 99 години и стил што сите го посакуваме: Дали знаете којa е најстарaтa трендсетерка во светот?

Познатата американска модна икона и дизајнерка на ентериер, Ирис Апфел, е една од најстарите трендсетерки во индустријата, која со својот необичен стил ги освојува срцата на милиони. Самопрогласената геријатриска старлета, на стогодишна возраст, е жив пример за максимата дека возраста е само бројка. Имајќи ја предвид нејзината мантра „се повеќе живост, а помалку здодевност“, не треба да изненадува фактот што Апфел е мајстор за смели и еклектични комбинации на облека. Големите очила се нејзиниот потпис, и таа често ги комбинира со големи обетки и слоеви масивни парчиња накит, совршено прикажувајќи ја нејзината љубов кон екстравагантниот и уникатен стил. Како некој кој цврсто верува во моќта на индивидуалноста, нејзината харизма блеска не само преку нејзината облека, туку и преку нејзините зборови, прикажувајќи чесен став кој не толерира глупости, формиран благодарение на нејзината „завидна“ самодоверба.

Во изминатите осум децении, таа се одликувала со различни улоги, од сопственик и дизајнер на текстилна компанија, дизајнер на ентериер, професор на Универзитетот во Тексас до најстарата личност со потпишан договор за профисионална манекенка.

Ирис е несомнено експерт за трансформирање облека со разни комбинации на накит. Нејзината способност да измеша фустан од висока мода со ѓердан купен на пазар е една од причините зошто нејзиниот стил не престанува да импресионира. “Мислам дека накитот е најтрансформативниот од сите додатоци. Неговата моќ е што може да ја претвори дури и најобичната деловна комбинација, каква и да е, во совршена облека за вечерно излегување”, вели Апфел. Несомнено, Апфел е експерт за трансформирање на обичното во извонредно, а нејзиниот талент го прослави Харолд Кода, главниот кустос на Институтот за костими во рамките на Музејот Метрополитен. Инспирирана од нејзиниот шарен стил, во 2005 година се одржа изложба наречена Rara Avis by Iris Apfel collection. Се одликува со 40 тимови кои совршено укажуваат на уникатната врска помеѓу модата и накитот, која се истакнува како супериорна во секоја комбинација.

Секогаш шарено облечена со истакнати парчиња накит и неверојатно волшебна, модната легенда Ирис Апфел стана меѓународен феномен откако во 2014 година беше овековечена во истоимениот документарец на познатиот филмски режисер Алберт Мејслс. Филмот, кој го следи нејзиниот живот неколку години по изложбата Мет Гала посветена на неа и нејзиниот стил, предизвика општ интерес. Милиони луѓе беа плени од нејзините смели комбинации, смисла за хумор и неуморен пристап кон животот. „Сè што сум направила во мојот живот било неочекувано“, објаснува еклектичната Њујорчанка во документарецот. Работите се случија некако сами од себе“.

Уште откако беше откриена нејзината хипнотичка привлечност, модните списанија и брендови го насочија целото внимание на овој елегантен пионер на стилот. Таа била заштитно лице на многу кампањи, а нејзиниот лик ги краси насловните страници на некои од најпрестижните списанија во светот. “Одеднаш станав ѕвезда. Мојот сопруг и јас се смеевме многу на ситуацијата. Сега наидов на еден куп списанија што пишуваат за мене, но не правам ништо поразлично од она што го правев во последните 70 години!“

За нејзиното влијание зборува и фактот дека таа е официјално најстарата личност која некогаш добила персонализирана кукла Барби. Мини верзијата, облечена во смарагд Gucci одело и слоеви накит, е инспирирана од нејзиното уникатно чувство за стил, претприемачки дух и инспиративна независност.

Со децении, Апфел, која наскоро ќе наполни 100 години, останала верна на себе без никаков исклучок. Благодарение на нејзиниот искрен пристап и неуморната енергија, таа станала една од водечките фигури на модната сцена и го отвори патот за многу деловни понуди. Ирис, која сè уште е незапирлива кога размислува за нејзината страст за работа, во една прилика изјави – „Направив многу во животот и отсекогаш сум се обидувала да живеам без страв од осуда. Во спротивно, ви недостасува целата забава! Дозволете си да се опуштите и забавувате во тоа што го работите… Јас дефинитивно ќе продолжам да го правам тоа!“

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement