Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Анџелина Џоли: Најудобниот макси фустан кој ги покрива сите несовршености

По Париз, Анџелина Џоли го продолжи својот европски одмор во Венеција. Актерката престојувала во хотелот „Ципријани“, каде што цените се искачуваат до 7595 евра за ноќ, а уживала и во бајковитиот луксуз на вечера, возејќи се со водено такси.

Во стилот на Венеција, Анџелина Џоли отишла на вечера покрај вода, а за излегување избра многу удобен фустан со макси должина. Фустанот „вреќаст“ изработен од блескав сив материјал има подлабок V-врат, долги ракави што достигнуваат до подот. Тоа секако е модел во кој жената се чувствува како да нема ништо, и одговара на сите готови големини и добро ги покрива несовршеностите на телото.

Анџелина искомбинира прекрасен фустан со крој што потсетува на кимоно, совршен за летна вечер, со кафени влечки од модната куќа Dolce & Gabbana, чија цена е околу 37 000 денари. Влечките имаат мала блок пета и лого на брендот, а актерката најчесто носи такви модели на летни чевли.

Пред да пристигне во Венеција, Анџелина била фотографирана со својата ќерка Шилох, облечена во беж мантил, црн фустан и истите папучи Dolce & Gabbana, кои очигледно се новиот омилен пар чевли на славната убавица.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement