Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Uffizi Diffusi: Потег на Италијанците да ја „растеретат“ Фиренца од многу туристи

Микеланџело, Ботичели, Леонардо, Караваџо и други мајстори гордо ги красат sидовите на галеријата Uffizi, а од неодамна, тие почнаа да ги красат другите тоскански галерии во проект познат како Uffizi Diffusi.

Галеријата Uffizi, една од најпознатите не само италијански, туку и светски галерии, одлучи своите дела да ги испрати на турнеја во Тоскана, така што другите кои моментално не се во Фиренца имаат можност да се восхитуваат на богатствата на светската уметност – но исто така да се намали бројот на туристи што го посетуваат градот поради познатата колекција.

Микеланџело, Ботичели, Леонардо, Караваџо и други мајстори гордо ги красат sидовите на галеријата Uffizi, а од неодамна, тие почнаа да ги красат другите тоскански галерии во проект познат како Uffizi Diffusi. Некои дела, исто така, ќе се најдат на повеќе од 100 различни локации, така што, многу Италијанци ќе имаат можност да доживеат ремек-делата, буквално во нивното соседство.

На овој начин, исто така, сака да привлече туристи на помалку познатите и прекрасни тоскански места, имајќи предвид дека пандемијата на коронавирус значително влијаеше на туризмот во овој италијански регион. Првото место каде што е изложено е на Елба, островот каде што некогаш бил прогонет Наполеон, а изложбата е соодветно именувана „Во името на Наполеон“. Отворена е од 9 јули и ќе трае до средината на октомври.

Останатите дестинации во овој проект допрва треба да се изберат, а за сите оние кои планираат да ја посетат познатата галерија, се разбира, сеуште е можно со сите анти-епидемиски мерки.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement