Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Само 3 состојки: Рецепт за кремаст појадок кој изобилува со протеини

Чиа семињата се одличен извор на протеини и омега-3 масни киселини, како и калиум и калциум. Тие се одличен избор за појадок.

Пудингот Чиа е одличен појадок кој е богат со протеини и други хранливи материи, а многу лесно се подготвува. Претходната ноќ, измешајте ги трите состојки во една тегла, ставете го во фрижидер и садот ќе биде подготвен за консумирање следното утро.

Семињата Чиа се одличен извор на протеини и омега-3 масни киселини, како и калиум и калциум. Наместо кравјо млеко во овој рецепт, можете да користите и алтернативни извори – како што е билен пијалок направен од кокос, бадеми или некој друг оревест плод.

Состојки за чиа пудинг:

400 мл млеко
40 грама чиа семе
1 банана

Подготовка:

1. Измешајте чиа семе со млеко и истурете ги во стаклена тегла со капак.

2. Во смесата можете веднаш да изгмечете една зрела банана и така сè заедно да отстои во фрижидер преку ноќ. Колку е позрела бананата, толку послатко ќе биде пудингот.

3. Бананата можете да ја додадете и наредниот ден откако ќе биде готов пудингот. По желба, можете да додадете мед, ореви и други плодови во пудингот по желба. Добар апетит!

Дали вашиот рецепт пропадна?

Ако чиа семето не се впило преку ноќ, односно да добиете згуснато млеко, можно е да имате стари семиња на располагање.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement