Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Погледнете во ентериерот на најдекадентната куќа на Менхетен

Во Њујорк има голем број луксузни имоти, но на многу од нив им недостасуваат одредени погодности или квадратни метри…

Стан на осумдесет и осмиот кат на облакодер е одлична работа, но тешко дека ќе имате простор во него, колку што би добиле за истата цена во друг, голем град. Секој што сака да го подигне статусот на домување на Менхетн сега има многу среќа, бидејќи пространата куќа на Апер Ист Сајд се продава по цена од 63 милиони долари, со целиот спа агол и фитнес сала во подрумот.

Овој дом од 1.300 квадратни метри претставува величествена соработка помеѓу две барани имиња во светот на архитектурата и дизајнот на ентериер – Тиери Деспон и Пјер Ив Рохон. Рохон се погрижи за сите последни детали, вклучително и за работата на спектакуларното скалило кое се врти помеѓу бројните катови на куќата. Деспон се погрижи за мебелот, кој е дел од продажната цена и го даде својот нежен завршен шмек на целиот простор. Очигледно, кога сегашните сопственици го купиле овој дом, тие го ангажирале познатото дуо за целосен процес на реновирање, па практично сè во куќата е ново. Единственото нешто што останува недопрено е всушност самата фасада.

Бидејќи куќата има шест ката, таа доаѓа со лифт, со кој можете да одите во подрумот кога сте расположени за вежбање. Тука има и просторија за масажа, парна соба и теретана, како и базен со отпор и ЛЕД sвезди втиснати во таванот над него. Куќата испушта чувство на величественост од моментот кога ќе стапнете во дневната соба лоцирана на третиот кат, бидејќи овој простор има тавани со двојна висина со масивни прозорци кои пуштаат оптимално количество природна светлина. Мезанинот внимателно го следи овој простор и можете да го опремите со пијано, за да уживате во музиката за време на вашата следна вечерна забава.

Вкупно, куќата има седум спални соби на второ, четврто и петто ниво. Главниот стан го зафаќа целото највисоко ниво на куќата, и има своја приватна тераса со пристап до покривот. Овде можете да уживате во прекрасен поглед на Централ парк, додека оние кои уживаат во спалните соби на вториот кат можат да ги гледаат најновите филмови во приватно кино сместено во нивна близина.

Со други зборови, оваа куќа нуди нешто за љубителите на архитектурата, фитнес гуруата и сите оние кои сакаат да се одморат од тесниот живот во станот!

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom