Страстен љубител на архитектурата, младиот либански дизајнер Зиад Накад ја претстави колекцијата „Renaissance“ како дел од неделата на висока мода.
При креирањето на колекцијата есен/зима 2021/2022, дизајнерот бил инспириран од познатото отворено двојно спирално скалило сместено во Chateau de Chambord.
Колекцијата е насликана во пастелни бои, рачно изработена и извезена во дизајнерско студио во Бејрут.
Како и во претходните колекции, фустаните инспирирани од архитектурата се карактеризираат со леснотија на беспрекорни набори. Потоа следуваат секси и прозрачни фустани, во светкави бои: виолетова, жолта, сина, омаж за историски таписерии и слики од легендарниот замок.
Ziad Nakad Couture Fall /Winter 21/22 колекцијата од соништата затвори со неверојатна венчаница, рачно извезена.








