Цената на овој дијамант меѓу моторните возила ја надминува бројката на некои вили во Западен Холивуд.
Елегантни, спортски, луксузни и ретки, сите овие епитети можат да опишат еден од најубавите и највредните автомобили во светот, кој е во сопственост на познат американски дизајнер.
Ралф Лорен, познат по својата љубов кон автомобилите, може да се пофали со завидна колекција која надминува дури 60 ретки модели.
Меѓу нив е и оној што со причина може да се нарече вистински дијамант, не само кога станува збор за неговата вредност, туку и фактот дека е најредок не само во неговата колекција, туку и во светот. Имено, има само четири модели на овој необичен автомобил.
Станува збор за Bugatti од типот 57 SC Atlantic, а неговата вредност е фантастични 40 милиони долари.
Ако требаше да се најде на аукција, овој уникатен Bugatti може да достигне бројка што надминува неверојатни 110 милиони долари.
Кога бил дизајниран уште во 1937 година, се сметал за најдобар Арт Деко дизајн во автомобилската индустрија, но исто така и најбрзиот и најубавиот автомобил во светот.
Во текот на 1930-тите, овој модел првично е купен од британскиот тенисер Ричард Б. Поп, а дизајнот е потпишан од Жан Бугати, син на основачот на овој познат француски производител на автомобили со високи перформанси.
Оригиналниот модел е препознатлив по сината боја на сафир, но за време на реставрацијата на автомобилот во 1988 година, кога дизајнерот го купи, тој е префарбан во црно по негово барање, додека внатрешноста остана иста – кожа во беж тон.
Bugatti од типот 57 SC Atlantic може да достигне брзина и до 125 километри на час, а една од интересните работи поврзани со тоа е што иако се знае дека постојат четири модели на овој легендарен Bugatti автомобил, веќе 80 години не е познато каде
е четвртиот модел.
Затоа едниот е во сопственост на Ралф Лорен, другиот се наоѓа во Музејот за автомобили во Мулин во Лос Анџелес, третиот е уништен во сообраќајна несреќа во 1950 година, а за четвртиот се знае само дека е произведен.
Дали очекувавте дека ваква убавица нема доза мистерија?


