Dior штотуку претстави минијатурна верзија на својата Saddle чанта, која може лежерно да стои во вашата дланка…
Како дел од нивната нова колекција Micro, малата чанта е со димензии 10 х 7,5 см, што е доволно простор за вашите клучеви, слушалки и кредитна картичка. И покрај малите пропорции, чантата сепак воодушевува со своите луксузни детали, со кои сме запознаени подолго време. Кога станува збор за брендирање, можеме да ги видиме CD деталите за ременот и амулетот D на патентот. На клиентите им стојат на располагање три бои – Cloud Blue, Rose des Vents и црна нијанса.
Иконски стилови, вклучувајќи ги Lady, Caro и 30 Montaigne, исто така, ќе добијат микро третман. Едвај поголеми од мобилните телефони, силуетите ќе бидат претставени во пролетни нијанси, вклучително и Queen Mint, Poppy Red и Vert Tundra.
Иако чантите се со микро големина, нивните цени не го следеа тој наратив – тие се веќе достапни за купување и ќе ве чини од 2.550 до 3.500 долари.
