Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

На продажба е вилата во која Бритни Спирс ги сними своите најпопуларни сцени

И додека поп-принцезата, Бритни Спирс, последните денови е во насловните страници на бројни магазини поради правната борба со нејзиниот татко, уште еден аспект од нејзиниот живот се најде под лупата на будните новинари …

Според наводите, вилата во која снимила неколку нејзини видеа, од кои најпопуларно е она за баладата Sometimes, ставена е на продажба. Како што веројатно меланхолично се сеќавате, на самото видео можеме да уживаме во живописниот поглед на Paradise Cove и пристаништето, но и на самите вили, сместени на рид со поглед на кањонот Nikolas и плажата El Sol Country. Претходно, вилата ги смени своите сопственици во мај 1986 година, што значи дека ова е прв пат таа да биде достапна за купување веќе триесет и пет години. Како што дознаваме, нејзините потенцијални нови сопственици ќе можат да уживаат во нејзините четири спални и пет бањи, доколку се подготвени да платат 44,5 милиони долари!

Но, по таа цена, добивате многу. Величествениот имот зафаќа површина од 1,9 хектари и има своја приватна плажа. Со елегантна фасада со чисти линии и стаклени sидови, вилата првично е дизајнирана во 1949 година од Клиф Меј, сметан за татко на ранч архитектурата во Калифорнија. Оваа вила секако не може да се опише како ранч бидејќи има отворен план со фокус на преминот помеѓу отворените и затворените простори.

Според првичниот план, вилата била еднокатна, но дополнителен кат бил додаден во 1977 година. Спиралната патека ве води кон пространа главна куќа со димензии од околу 500 квадратни метри, при што секоја соба има поглед кон Пацификот. Декорот е совршено избран, во согласност со сината боја на океанот, па затоа доминира белата боја.

Кога станува збор за собите, имате на располагање дневна соба комбинирана со просторија за седење, комплетно со камин и француска врата што се отвора кон дворот, кујна со два острови, бар за појадок и огромен фрижидер, соба за билјард и многу повеќе. Живописни прозорци, тавани со видливи греди и камени и дрвени подови може да се видат во внатрешноста на целата вила, додека има и домашна канцеларија со вградена работна маса и полици.

Над спратот, апартманот е окарактеризиран со катедрелни пладони со камин и француски врати што се отвораат на масивна тераса, со поглед кон градината, како и џакузи, сауна и две кујни за гости.

Иако поп принцезата всушност не живеела во оваа вила, педигрето што и го даде, се чини дека е вечно.

Прочитај

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Advertisement