Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Раскошна и декадентна вила на познат бизнисмен

Раскошниот имот со лозја, кој зафаќа околу 72 хектари во ридовите над Малибу, ги бара своите нови сопственици…

Во сопственост на Џорџ Розентал, осумдесет и деветгодишен магнат за недвижнини, оваа вила во стилот на хациенда е вистинска оаза со тревници, фонтани, лозја и поглед на планините Санта Моника, а овој луксуз ќе ве чини 38 милиони долари.

Розентал го изградил овој имот во текот на седумдесеттите години, сакајќи да основа свое одморалиште, што е очигледно по неговиот изглед. Кога ќе поминете низ влезната порта до приватната патека, ќе ве воодушеват дабовите дрвја, а потоа редовите на лозите, пред да стигнете до главниот дел од целата приказна, вилата, која се карактеризира со палми и дворови, која крие дрвена врата во нејзините розови sидови, украсни плочки и високи тавани со светларни светла.

Со осум спални соби и површина од околу 1.200 хектари, имотот се отвора низ различни области. Во главната резиденција, на дневните простории и спалните соби им беа дадени обемни камини и француски врати што ги поврзуваат со дворот и кујната на отворено, со неизбежно присуство на ал-фреско трпезарија. Двособното крило се одликува со теретана, приватно кино и солариум, како и кујна со остава, чајната кујна и рерна за пица. Внатрешниот двор е опкружен со посебна чардак со една спална соба и дво спална куќа за гости, кои имаат свои базени и планински погледи.

Во главниот дел од градбата има заоблени прозорци и стаклени врати што се отвораат кон базенот, кој каскадно е лоциран уште еден базен под него, а во негова близина е волшебна трпезарија со камин, каде што има и простор за организирање забави. Пешачки патеки меандрираат низ целиот имот и минуваат покрај езера, шуми, градини и приватна порта што ве води кон пешачката патека „Backbone“.

Патем, овој имот содржи околу 600 дрвја од авокадо, кои можат да се одгледуваат и продаваат или да се претворат во сос гвакамоле во количина што може да ги наполни сите три базени. Шталите кои се дел од овој имот се претворени во просторија за дегустација и простор за банкет, додека дел од целата приказна е огромна визба за вино.

Прочитај

____celebrity

Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо и неговата свршеница Џорџина Родригез се во врска девет години, и се чини дека дојде време славниот пар да застане...

Green Tea

Лиснатите зеленило се одличен начин за подобрување на вашето здравје бидејќи содржат многу клучни хранливи материи, витамини,минерали и антиоксиданси,поради што нутриционистите препорачуваат да ги...

Wall Street

87. коло од Лото 7 израдува еден среќен добитник, кој ја освои премијата од играта на среќа Џокер, во вредност од 3.152.640 денари. Уплатата...

____celebrity

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан го подигна трендот „гол фустан“ на следно ниво позирајќи за фотографии во целосно проѕирен фустан од чипка. 45-годишната актерка сподели...

Advertisement