Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Светскиот Ден на животните во новата кампања на Stella Mccartney

Stella McCartney ни претставува фантазија во нејзината есенска кампања, наречена Our Time Has Come…

Британската модна дизајнерка го ангажирала почитуваното фотографско дуо, Mert & Marcus, за да фотографираат животни кои го истражуваат Лондон. Облечени во најдобрите парчиња од есенската колекција со потпис на славниот дизајнер, мечки, птици, кучиња и кенгури тргнаа во авантура низ улиците на британската престолнина.

Кампањата ја шири и пораката на Humane Society International, која повикува на забрана за трговија со крзно на глобално ниво. Од јакни со перја, до широки панталони, сите модели чиј дизајн и креација ги потпишува Stela се „cruelty-free“.

Вегански чанти, како моделите Falabella и Frayme, се украсени со ланци и доаѓаат во предимензионирани стилови. Покрај фотографиите, дел од целата приказна е и краток документарен филм со комичарот Давид Валијамски во улога на наратор.

„И, иако оваа кампања е смешна, сакам да решам сериозен проблем – забрана за употреба на крзно. Без разлика дали се продава во Европа или во светот, употребата на крзно е варварска практика која не познава граници. Мојата животна мисија е да ја разбудам совеста во модната индустрија. Горда сум што соработувам со Humane Society International, со цел подигање на свеста. Ве поканувам и вие да ни се придружите“, изјави славната модна креаторка.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement