Позната по својот талент да комбинира уникатни луксузни парчиња со класичното што сите го имаме во нашиот гардеробер, модната икона, Оливија Палермо со години е една од најдобрите стилизирани жени во областа на модата.
Инспиративна по изглед, „It“ девојката е позната по соработката со познати модни списанија и куќи за висока мода. Нејзината социјална мрежа на Инстаграм е вистинска оаза на инспирација, а ние одбравме 4 стајлинзи кои можете лесно да ги копирате и носите во разни прилики.
ЗА ПЛАЖА
Со мислите веќе сме на некоја фантастична плажа, а многумина се подготвуваат за деновите за одмор. Оливија Палермо ни покажува како можеме да додадеме стил и софистицираност на кој било наш изглед на плажа. Тајната е едноставна: класичен црн костим за капење – погоден за сите типови на тело – елегантна плетена корпа, еден од најбараните трендови во сезоната и кафтанско здолниште што може да се носи од утро на плажа до попладневните часови за ручек во некој ресторан на плажа!
ЗА ГРАД
Нашите стајлинзи во градот, особено за време на летните месеци, мора да бидат лесни и пријатни. Бела фустан-кошула е идеален избор. Ова едноставно парче облека ќе изгледа одлично во комбинација со модерна чанта, но и свилена шамија што соодветно ќе ја замени маската.
ЗА РАБОТА
Вашата работа може да бара поформални парчиња облека, но тие можат да стекнат елеганција и женственост ако ги комбинираме правилно. За модерен изглед во канцеларијата во текот на летото, изберете облека во рафинирана кремаста нијанса која е уникатно комбинирана со златни модни додатоци, истовремено правилно нагласувајќи ја исончаната кожа.
ЗА НОЌЕН ПРОВОД
Ноќните излегувања се враќаат во нашите животи и со нетрпение очекуваме повторно да ја носиме нашата најелегантна облека. Макси црниот фустан секогаш ќе остави најдобар впечаток, додека во комбинација со класични нежни сандали и сјајните „clutch“ чанти, ќе ве натера да блеснете ова лето. Пробајте!





