Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Дали се плашите од висина? Овој базен тогаш не е за вас

Многу луксузни станбени згради имаат свои приватни базени…

Сепак, за да се разликуваат од другите, кои упорно ги исполнуваат урбаните предели, некои од претприемачите кои работат на нив стануваат навистина креативни. Најновиот проект, кој е навистина невообичаен, може да се види во Лондон, каде пред само неколку дена е претставен најголемиот „лебдечки“ акрилен базен во светот.

Структурата е соодветно именувана Sky Pool, и се наоѓа на околу 35 метри над земјата, што ги поврзува двете кули на кровните градини на Амбасадата и е долга 25 метри. Од таа должина, околу 15 метри лебдат во воздухот, додека станарите кои се плашат од височина можат да уживаат во глетката што се протега од неа на двата краја на конструкцијата и каде што наликува на два обични базена.

Се разбира, потребно било многу планирање за да се добие таа количина на вода во воздухот. Проектот претставува соработка помеѓу архитектонската фирма Arup, инженерот Екерсли О Калахан и производителот на акрилик, Reynolds Polymer Technologies. Долгото резиме на Arup вклучува работа на аеродромот Сингапур Jewel Changi и данската спирална кула Camp Adventure, додека Екерсли работел на сè, од идејни куќи за астронаутите на Марс, до оживување на TWA Flight Centra во Њујорк.

Високата Embassy Gardens структура првично била изградена во институтот Reynolds во Колорадо, пред да биде испратена во Лондон. Со цел да се спречи напукнување на базенот од дното под неверојатен притисок на водата и луѓето кои ќе се капат во него, а неговото дно е засилено и е дебело скоро 12 инчи. Оние кои сè уште не се многу сигурни во безбедноста на пливањето на таа висина, мора да знаат дека овој проект е тестиран неколку пати за безбедноста на сите негови корисници.

Секако, за да пливате во овој базен, мора да бидете член на клубот – сите станари на Embassy Gardens автоматски се приклучуваат на приватниот т.н. Le Club, кој им овозможува пристап не само до футуристичкиот базен, туку и на многу други удобности како на пр. теретана, кино, ложи и бројни други работи. Цената на еден стан во овие згради започнува од 1,4 милиони долари, а само неколку единици се уште се слободни за откуп.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement