Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Оваа недела имаме променливо време, а еве 6 начини да бидете стилски дури и на дожд

Не одете никаде без чадор и добра облека.

Деновите стануваат подолги, температурите растат и трендовите брзо се менуваат, исто како и времето.

Пролетта секогаш нè изненадува, од топли сончеви до мрачни и дождливи денови – што да избереме во услови кога сè може да се носи, од гумени чизми и јакни, до сандали и лелеави фустани?

Најдовме за вас 6 уникатни аутфити кои можат да ви помогнат и да ве инспирираат во изборот на облека во оние денови кога времето е целосно непредвидливо.

П.С. Само затоа што е мрачно надвор, не значи дека треба да носите зимски и темни бои. Опуштете се и освежете ги мрачните денови со светли бои.

Долг капут, бела маица и широки панталони во впечатлива боја
Една боја во различни нијанси? Преголеми кроеви и моќен став? Тоа е сè што ни треба во борбата против мрачните денови (и мрачните луѓе).

Пуф ракави, панталони и сандали
Со денови кога не чека дожд, а температурата надминала 20 степени, тука задолжително се обемните ракави, удобните сандали и материјалите како лен, кои го евоцираат сонцето.

Широко сако, панталони со длабок струк и патики
Сакото е непогрешлив избор секогаш и засекогаш, исто како панталоните со длабок струк. Единствено што недостасува е шик чадор во рака!

Кошула-јакна, бела маица и панталони
Осветлете ги мрачните денови со светли бои и внесете живописни (а) жици во вашата облека. Покрај тоа што се идеални за овој период од годината, тие испуштаат чист, воздушен минимализам кој е попопуларен од кога било.

Црна облека и јакна во боја
За оние за кои црната е како униформа, ние предлагаме кршење на монотонијата со нови кроеви, кожни материјали и едно ефективно парче боја.

Фустан и чизми
Цветниот фустан е секогаш посакуван – и на дожд и на сонце – само за да го направи пролет и да предизвика радост. Пронајдете ја вашата верзија во „high street“ бренд понудата.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement