Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Невообичаен дизајн на семејна куќа во Украина

Кога ќе ги затворите очите и ќе си го замислите вашиот дом од соништата, што гледате?

Дали е можеби луксузна вила, на три ката, со бела фасада, прекрасни детали од гипс, фонтана и патека со неколку луксузни автомобили напред? Или, дали е случајно скромно дизајнираното скривалиште, далеку од цивилизацијата, кое ви нуди мир и тишина како најголем луксуз, што дефинитивно го немаме доволно во повеќето случаи? Па, веруваме дека структура каква што зборуваме денес, а која е инспирирана од школки, сигурно никогаш не би ви паднала на памет!

K&B partners, компанија за архитектура и дизајн на ентериер со седиште во Одеса, предводена од Ковтун Јуриј и Бураков Егор, го дизајнираа Шел Хаус, модерна семејна куќа што ќе се гради во близина на морето во Коблево, Украина.

„Модерна семејна куќа, сместена покрај море, може да собере две или повеќе лица. Концептот за градба е позајмен од локалните школки, што се честа појава во оваа клима. Куќите главно се создаваат од дрво, и кога станува збор за нивните структури и за нивната декорација. Невообичаената форма што е создадена сигурно нема да ве остави рамнодушен“, објаснуваат архитектите.

Слободно можеме да кажеме дека претходната година нè научи да не правиме компромиси кога станува збор за дизајнот на нашиот дом, бидејќи можеме да станеме негови притворени преку ноќ, како што се случи минатата пролет. Сопствениците на оваа зграда ќе можат да се вселат во пролетта 2023 година и сигурни сме дека ќе бидат воодушевени од добиените резултати.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betsat   grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom