Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Вработените ја тужат Ким Кардашијан за неисплатени плати

Честопати се прашуваме како милијардерите трошат пари, а во случајот на Ким Кардашијан слободно можеме да кажеме дека не ги троши на своите вработени…

Всушност, дури седум работници ја тужат „Reality TV“ кралицата за неисплатени плати. И додека таа го обвинува давателот на услуги, нејзиниот домашен персонал, вклучително и градинари и луѓе за одржување, ја обвинуваат дека никогаш не им ги исплатила платите на време и дека им ги намалила платите за десет проценти поради даноци.

ТВ sвездата беше обвинета и дека не им давала паузи за оброци на своите работници и дека не покривала никакви трошоци. Ситуацијата понатака станува уште полоша, бидејќи еден од вработените што ја тужел, кој има само 16 години, изјавил дека работел многу повеќе од максималните 48 неделно, што е дозволено за време на периодот без училиште.

Ако погледнете во вилата на кралицата Ким, ќе сфатите дека навистина има многу работа околу неа. Потребна е цела армија работници, така што нејзината целосно бела вила со два базени, два спа центри, две скари, приватно кино, огромна вградена гардероба и двоспратна игротека за нејзините деца е секогаш средена. Покрај сите овие погодности, нејзиниот престој се наоѓа на имот од еден и пол хектари и доаѓа со сопствено лозје, на кое исто така му е потребно одржување.

Од друга страна, претставниците на Ким Кардашијан раскажуваат сосема поинаква приказна, наведувајќи дека таа ангажирала компанија која се занимавала со услуги за одржување и чистење и дека не може да се обвинува за договорите што постојат помеѓу компанијата и работниците. „Ким не и плати на компанијата за нивните услуги и се надева дека наскоро проблемот меѓу работниците и нив ќе се реши спогодбено“. Ким Кардашијан е сопственик на богатство проценето на 1 милијарда долари благодарение на нејзината линија за козметика и гардероба, како и спонзорски договори и приход од програмата Keeping Up With The Kardashians.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement