Брендот Moschino направи интересна соработка со познатата емисија „Sesame Street“, со цел заедно да создадат уникатна колекција…
Во новата кампања со која беше презентирана заедничката линија, можеме да ја видиме пејачката Кејси Масгрејвс, која канализира некои од најпознатите ликови на споменатото шоу. Кога станува збор за дизајните, можеме да ги видиме ликовите Big Bird, Elmo и Oscar the Grouch, во златни ланци и јакни во уличен стил. Фотографирана од Грег Свелс, Кејси и донесе уникатен гламур во секојдневните стилови, носејќи маици со кратки ракави и парчиња тексас. Кога станува збор за убавината, Џовани Делгадо работеше на фризурата, додека шминката ја потпишува Моани Ли.
Во центарот на вниманието е секако стилистката на снимањето Ерика Клауд, со повеќеслојни парчиња накит и аксесоари.




