Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Whale Tail: Зошто постојано се враќаме на трендот на 90-тите?

Дали танга гаќите кои „ѕиркаат“ под некое парче облека се враќаат на модната сцена?

Еден од најконтроверзните трендови од 90-тите и раните 2000-ти се чини дека неодамна се врати во мода, а млади sвезди како Бела Хадид и Дуа Липа се појавија во танга со „висок струк“.

Beauty могулот Ким Кардашијан исто така го пренесе овој тренд директно на социјалните мрежи, бидејќи неодамна позирала за креативниот директор на Givenchy Метју Вилијамс во секси деколтиран фустан од колекцијата пролет/лето 2020 каде го открива грбот со видливи црвени танга.

Иако потеклото на бесрамно покажување танга започнало со бурлеските танчерки во 30-тите години на минатиот век, како дел од нивните носии, таканаречениот тренд на „whale tail“ дебитирал на шоуто Жан Пол Готјер пролет/лето 1997 година, во кое имало долна облека, танга и гаќички.

Потоа, во пролет/лето 1997 година, колекцијата Gucci на Том Форд претстави модели кои одат со видливи танга. Застапени се и тенки ремени, овој пат со облека над нив, за колекцијата пролет/лето на Форд во 1998 година.

Незаборавните парчиња на Gucci повторно станаа популарни кога sвездата Keeping Up with the Kardashians позираше во неонски зелен дводелен сет со винитџ G танга со лого додека ја промовираше KKW beauty на Инстаграм во 2018 година.

Пред Кардашијан, експонираните танга од 90-тите и раните 2000-ти беа популарни меѓу музичките и филмските sвезди кои им помагаа на тангите да станат дел од нивниот стајлинг комбинирајќи ги со панталони со низок струк.

Долна облека дури има свој поп-културен момент во видеото на Сиско од 1999 година „Thong Song“.

На доделувањето на MTV Video Music Awards 2000 година, трендот на видливи танга доживеа и голем камбек благодарение на Бритни Спирс која ја изведе својата хит-песна „Oops I Did It … Again“ во златна дводелна танга. Тогаш Кристина Агилера и Хали Бери го „запалија“ црвениот тепих на VMA, покажувајќи ленти од долна облека со висок струк.

Парис Хилтон го следеше примерот следната година, облечена во откриени розови танги на презентацијата на Лојд Клајн за есен/зима 2001 година во Њујорк.

Сепак, во средината на 2000-тите, опсесијата заврши, кога и тангите и нискиот струк ги напуштија модните трендови.

Но, како и сите трендови, овој тренд докажа дека модата е циклична. Во 2018 и 2019 година, дизајнерите започнаа повторно да презентираат облека со видливи танга на модните писти, а на настанот Met Gala, Хејли Бибер се појави на црвениот тепих во розев фустан на Александар Ванг, со деколте на грбот и танга во иста боја.

Оттогаш, на пистите на Жакемус, Givenchy и други, видовме танга со висок струк. Во женската колекција Versace пролет/лето 2021 година, моделите прошетаа по пистата во колекција инспирирана од деведесеттите години – Бела Хадид носеше панталони со низок струк и црни танга.

Иако можеби не заборавивме целосно на фармерките со висок струк поради моделот со низок струк со видливи танга, по една година поминато дома, многумина од нас се подготвени за некои модни ризици.

Судејќи според различните фотографии на sвездите од А-листата и фотографиите на социјалните мрежи кои ги промовираат трендовите од 90-тите и 2000-тите, можеби наскоро ќе се шетаме во нашите омилени танга, размислувајќи: „Oops We Did It…Again!“

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
mrking   mrking   betcio   casibom   betlike   jojobet   betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom