Valentino ја претстави својата кампања Roman Palazzo есен/ зима 2021, во која главната улога ја толкува амбасадорот на брендот, Зендаја….
Фотографирана на сцената на Палас театарот во Лос Анџелес, таа позираше во навистина динамични пози пред објективот на Дејвид Симс, кој за таа пригода избра црно-бели слики, а чантите на Валентино Гаравани Рокстуд Алко се во центарот на вниманието.
Со стилот потпишан од Ло Роуч, Зендаја споила „must-have“ додатоци со тренч мантил и леопардски дезен. Кога станува збор за убавината, Ким Кимбл ја потпишува фризурата, додека беспрекорната шминка е дело на Шеик Дели. Серија кратки филмови, исто така, ја претставува Зендеја на сцената, но и за неа.
„На празна сцена, преку објективот на Дејвид Симс, Зендаја влегува во нов лик и ја раскажува приказната за новата генерација за кампањата Valentino Roman Palazzo“, изјави славниот бренд.


