Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Здрава „junk“ храна: ви предлагаме неколку рецепти што го освоија интернетот

Вкусни предлози што ќе ви се допаднат!

Сега, кога летото е пред нас, дали мислите да преминете на здрава исхрана? Секако, знаеме колку е стресна пандемијата „Ковид-19“ и многумина од нас имаа потреба од нездрава храна.

Но, како би се чувствувале ако најдеме хранливи, но сепак вкусни комбинации за вас? Ние веруваме дека ќе бидете воодушевени од „junk“ (нездрава) храната што е здрава за вас и затоа составивме лежерни здрави и вкусни рецепти кои го преплавија Интернетот.

Палачинки од банана

Секако, нашиот прв предлог е вкусни палачинки направени од овесна каша. Нивната хранлива вредност во комбинација со богат вкус и нивната едноставност за подготовка ги прави привлечни.

Потребно ви е:

2 јајца
1 лажица екстракт од ванила
¼ лажички цимет
120 мл млеко
90g овесна каша
2 банани
растително масло за тава


Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека смесата не стане хомогена. Потоа, лесно подмачкајте ја тавата која треба да е загреана на висока температура. Со помош на кутлача, ставете ја смесата и веднаш штом меурчиња почнат да се појавуваат, свртете ја на другата страна. Вашите палачинки ќе бидат подготвени и можете да ги послужите со што сакате. Ние би препорачале јагоди, бидејќи лесно можеме да ги најдеме во изобилство оваа сезона.

Кој вели дека овошјето не може да биде десерт?

Ако очајно сакате да јадете нешто слатко, но размислувате за калории, ние имаме решение за вас. Омиленото овошје можете да го покриете со чоколадо по ваш избор со неколку состојки и да уживате во нив. Ветуваме дека ќе ви го понудиме истото задоволство како и „нормалните“ слатки, и ќе ги барате повторно и повторно!

Потребно ви е:

110 гр. темно чоколадо (сецкано)
чаша печени, сецкани кикирики
12 големи јагоди со дршка


Сè што треба да направите е прво да поставите фолија на плехот за печење, а потоа да го стопите чоколадото. Кога чоколадото е подготвено, оставете го да се излади околу 5 минути и ставете ги кикириките во сад. Постапката е следна: Прво, потопете ги јагодите во чоколадо, а потоа во садот со кикирики. Вашиот здрав, но истовремено и многу лесен десерт е подготвен!

Среќен роденден со … овесна каша!

На омилената и популарна апликација Тик Ток, учиме како да направиме здрава роденденска торта со само неколку состојки и без многу потешкотии.

Потребно ви е:

Овесни снегулки
1 јајце
бадемово млеко
1 лажица екстракт од ванила
Декоративни трошки во боја
Малку шлаг за украсување


Измешајте ги сите состојки и ставете ги во сад кој е подмачкан со масло. Печете на 180 степени 30 минути. Кога колачот ќе се испече, декоративно филувате со шлаг и нежно посипувате со украсни трошки. Вашата роденденска торта е подготвена!

Време е за тортилја!

Со повторно истражување, благодарение секако на апликацијата Тик Ток, ви предлагаме супер здрав оброк базиран на тортилја, кој можете да го пробате за појадок или закуска.

Потребно ви е:

1 голема тортиља
4 јајца
пипер
шери домат
сол
пиперка
рендан кашкавал

Прво ја ставаме тортиљата во тава, потоа ги додаваме јајцата што се мешаат заедно со шери доматот, црвената пиперка и на крај ги додаваме останатите состојки. Печете на 180 степени 10 минути и вашата здрава ужинка е подготвена.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement