Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кјара Ферањи е новата амбасадорка на брендот Bulgari

Кјара Ферањи, позната италијанска инфлуенсерка и претприемачка, стана новиот глобален бренд амбасадор на римскиот бренд за накит – Bulgari…

Во својата нова улога, Ферањи ќе помогне на брендот да ги претстави своите вредности на меѓународно ниво, и како заштитно лице на брендот, таа ќе биде персонификација на жена способна да го освои целиот свет со помош на независност и автентичност.

Коментирајќи го своето назначување, Кјара изјави: „Наследството на брендот, Bulgari, е поврзано со смела и декадентна естетика и став, како и со италијанскиот дизајн, кој е познат низ целиот свет, и ние секогаш сме ги споделувале тие вредности. Токму поради оваа причина, ние се обединуваме, обидувајќи се да создадеме позитивно влијание преку активности што ќе ги развиваме заедно. Јас сум навистина горда што станав дел од семејството Bulgari, бидејќи имам силна врска не само со брендот, туку и со Жан-Кристоф Бабин и Лусија Сиверс“.

Со овој потег, Bulgari сака да им се приближи на жените од целиот свет кои се маѓепсани од радосниот и гламурозен пристап на животот на Кијара. Бабин во таа прилика додаде: „Мислам дека Кјара е совршено олицетворение на автентичниот дух на нашата компанија, што е вкоренето во позитивни вредности, вклучувајќи радост, креативност, убавина, величественост, квалитет, благодат и дарежливост. Chiara ќе биде неверојатен сојузник на брендот во својата нова улога, давајќи им можност на нашите пораки да одекнат во сите генерации. За мене, како извршен директор на брендот, таа е совршен спаринг партнер кога станува збор за модата и луксузните трендови.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement