Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ирис Апфел го прославува својот 100-ти роденден со модна соработка

Колекција во чест на икона за стил што одбележува цел живот.

Ирис Апфел ќе го прослави својот стоти роденден во август, а по тој повод ја најави модната соработка како совршен начин за одбележување на овој важен датум.

Познатата икона на стилот, која наближува во својата 100-та година, договори соработка со брендот за очила Zenni, колекција што е лимитирана од 100 парчиња.

Ајрис Апфел носи преголеми тркалезни очила за миопија, кои се дел од нејзиниот стил, а брендот Zenni е еден од нејзините омилени. Што се однесува до колекцијата подготвена од брендот, таа е изработена во соработка со Апфел и вклучува шарени дизајни.

„Обожавам модни додатоци и верувам дека очилата можат целосно да ја надоградат облеката. Имав колекција долго пред да морам да ја носам. За мене, очилата се инспиративни и го надополнуваат мојот изглед. Не треба сите да сакаме да изгледаме исто. Очила се одличен начин да го пронајдете вашиот уникатен стил и малку да ги промените работите“, вели позната икона за нејзината колекција.

Колекцијата се вика „Iris Apfel Edit“ и вклучува 5 категории очила кои импресионираат, меѓу нив „Live Colorfully“ што вклучува рамки за очила со цветни отпечатоци или малите точкици, „Signature Style“ што се инспирирани од големите пазари кои Ајрис ги сака и „ Signature Style” што вклучува преголеми модели. Другите две категории се „Structural Design“ со геометриски обрасци и „Mini Iris“ што вклучува дизајни за деца.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement