Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Chanel Cruise 2021/22 – Ода на Коко и Кокто

Импресивната колекција создадена од Вирџини Виард, инспирирана од делото на Жан Кокто, е претставена на уникатно место на југот на Франција.

Женски фигури шетаа пред огромни бели варовници носејќи црно-бели комплети, кревајќи прашина со своите макси фустани. Долгите редови на црни реси танцуваа на секој чекор, додека силната светлина на францускиот југ создаваа атмосфера на мистерија и лето. Ова е презентација на колекцијата Chanel Cruise 2021/22 што се одржа попладнето на 4 мај во Кариере де Лумиес, каменолом за варовник во живописното село Лес Бакс де Прованса.

Изборот на место не е случаен. Овие каменоломи претставуваа сцена за „Testament of Orpheus“ на Жан Кокто (1958) и симболичниот чин на уметничката директорка Вирџинија Виард, бидејќи францускиот режисер беше личен пријател на Габриел Шанел. Покрај тоа, создавањето на целата колекција е инспирирано од делото на Кокто.

„Едноставноста, прецизноста и поезијата на неговите филмови ме принудија да создадам многу „чиста“ колекција, со два различни тона, светло бела и длабока црна“, опишува Виард. „За да ја искажам неговата екстремна модерност, сакав нешто доста карпесто. Многу раб, кожа, бисери и светки, маица со ликот на моделот Лола Никон (која го отвори и затвори шоуто) облечена во твид како рок-sвезда. Изглед кој потсетува на 60-тите и панк-модерноста“.

Влијанија од работата на Жан Кокто има насекаде, како на пример во сино сина боја – нијанси што ги користел во својата грнчарија или во бела униформа што потсетува на костумот што Коко Шанел го дизајнирала за претставата, Oedipus Rex.

Во исто време, ѕвездата со која уметникот ги потпиша своите цртежи е проектирана на sидовите за време на шоуто. Имало и технолошки иновации, како што се четири комбинации на облека, изработени од еколошки материјали.

На ревијата, што била емитувана во живо на социјалните мрежи на француската куќа, учествуваа неколку добри пријатели на Шанел, како Шарлот Казираги, придружувани од нејзината мајка, Каролина од Монако, Ванеса Паради, Алма Јодоровски и Каролин де Маигрет.

На крајот од презентацијата на колекцијата, моделите пуштија десетици гулаби (уште една референца за Кокто) да летаат низ небото, додека забавата продолжи во градината на соседниот хотел Бауманиер со музички перформанс во живо со Ванеса Паради, Ангела, Жулиет Арманет и Себастијан Телиер.

Друго изненадување за оние што гледаа – од таму или преку Интернет – бил обидот на Шарлот Касираги да пее пред публика за прв пат.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement