Голем велигденски празник е пред нашата врата и се повеќе луѓе ќе започнат да постат. Секако има и такви кои постеле неколку недели. Без оглед на која категорија и да припаѓате, едно е сигурно – не треба себеси да се ограничувате целосно, а камоли слатките задоволства што имаат посебно место во нашите срца.
Ви предлагаме оваа недела да ја пробате посната чоколадна торта со јагоди.
Потребно ви е:
За основата
600 гр. бисквити
100 гр. маргарин
За крем од јагоди
500 гр. јагоди
500 мл слатка растителна павлака
1/2 чаша коњак
1 ванила
За премаз
200 гр. чоколадо за готвење
200 гр. јагоди
50 гр. маргарин
1 чаша кафеав шеќер
Подготовка:
Прво измелете ги бисквитите во блендер. Растопете го маргаринот и прелијте преку мелените бисквити, а добиената смеса премачкајте ја – идеално во плех со отстранливи страни. Ставете ја основата во фрижидер да се замрзне додека кремот од јагоди не биде подготвен.
Измешајте ги јагодите и додека ја матите киселата павлака во блендер, додајте ги заедно со коњакот и ванилата. Истурете ја смесата врз основата на колачињата и ставете ја во фрижидер додека не го подготвите премазот.
За преливот растопете го чоколадото и додадете маргарин и шеќер. Потоа исечкајте ги јагодите и додајте ги во чоколадото. Добро измешајте, ставете го во фрижидер 10-15 минути да се олади, а потоа прелијте го колачот.
Колачот оставете го во фрижидер 3 часа, а потоа послужете.
