Што е солено, зачинето, фино и освежувачко во една голтка? Мексикански коктел што ја разбива предрасудата дека пивото мора да се пие чисто…
Ако никогаш не сте пробале микелада, не знаете што пропуштате. Освежителен и зачинет, мексиканскиот коктел од пиво и лимета што фино разладува и опушта.
Може, но не мора, да додадете неколку капки соја сос на овој пијалок, што ќе му даде умами нота која ќе ве натера да посакате уште една голтка…, а потоа уште една. За умами и убава боја, Мексиканците во микеладата знаат да додадат и сок од шери домати.
Потребни состојки:
360 мл неутрално пиво
1 лажичка чили во прав
1/2 – 1 лажичка сол
60 мл сок од лимета
2 лажички лут сос (табаско, сирача)
неколку капки соја сос
парчиња лимета
мраз
Начин на подготовка:
- Во плитка чинија измешајте сол и чили во прав. Намачкајте ги рабовите на чашата со парчиња лимета и превртете ги во чинијата за да се обложат со зачините.
- Турете ги сокот од лимета, лутиот сос и соја сосот во чаша и измешајте полека. Наполнете ја чашата со мраз, а потоа со пиво. Измешајте полека, украсете со лимета и послужете.
