Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Mclaren новитет чија цена соборува рекорди

McLaren штотуку претстави нова верзија на својот тркачки модел 720S GT3, кој не е ограничен со правилата и прописите на GT3 трките…

Запознајте го McLaren 720S GT3X, крајната тркачка алатка која собира 200 коњски сили повеќе од оригиналот на кој се заснова и исто така добива за совозачко седиште. Телото на моделот GT3X е слично на тркачката варијанта, така што содржи масивни аеродинамички компоненти, вклучувајќи нови канали и продолжен сплитер напред, што заедно со огромното задно крило генерираат оптимална мерка на потисна сила. GT3X е опремен и со истата поставка за суспензија како и оригиналот. Сепак, неговите сопирачки се освежени и подобрени, за да можат да се справат со дополнителни 200 коњски сили.

Во внатрешноста на автомобилот, ќе забележите дека неговата кабина е целосно гола, и дека содржи минимална количина детали и компоненти, секако над основната удобност. Сепак, за разлика од GT3 тркачкиот модел, GT3X доаѓа со изборно седиште за совозачот, поради што McLaren мораше да вметне ревидирана шипка (rolbar).

GT3X работи со ист четирилитарски V8 мотор со дво-турбо полнач кој се крие под хаубата на оригиналниот тркачки модел, но му се дадени поголеми турбо и разводни колектори за да се зголеми неговата моќност. Моторот произведува 710 КС, кој може привремено да се зголеми на 740 КС со активирање на системот push-to-pass.

Секој од овие единици е рачно изработен и опремен со напреден систем за ладење, кој ќе се грижи за таа дополнителна моќност. McLaren сè уште не ја објави цената на својата новина, но веб-страницата на брендот им дава можност на потенцијалните купувачи да се регистрираат, доколку се заинтересирани. Имајќи го предвид фактот дека оригиналниот тркачки GT3 чини 564 000 долари, веруваме дека за новиот модел ќе бидат потребни многу повеќе од половина милион долари.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement