Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

На височина од 140 метри: Испреплетен стаклен мост на чиј врв би се искачиле само најхрабрите

Иако за многумина „никна“ преку ноќ, мостот всушност е изграден од 2017 година. Долг е 100 метри и се издига до максимална висина од 140 метри.

Мостот Руји во долината Шенксијанју во кинеската провинција Жеџијанг стана вистински хит на социјалните мрежи. Поради карактеристичниот дизајн, многумина сметаа дека тој не е вистински – туку плод на нечии „фотошопиран“ работен труд.

Но, овој испреплетен стаклен мост со три дела е навистина реален. Покрај тоа, откако е отворен во септември 2020 година, го посетиле околу 200 000 Кинези.

Иако за многумина „никна“ преку ноќ, мостот всушност е изграден од 2017 година. Долг е 100 метри и се издига до максимална висина од 140 метри над Шенксијанју. Највисокиот дел од мостот е всушност висок лак до чиј врв водат скали.

Руји го доби своето име и форма по истоимениот свечен жезол, што е знак на моќ и среќа во кинеската култура.

Невообичаената метална конструкција на мостот Руји беше дизајнирана од Хе Јунчанг, кој го потпиша дизајнот на Националниот стадион во Пекинг, кој уште се нарекува и Птичјото гнездо. Изграден е како главен атлетски стадион за Олимписките игри во 2008 година.

Погледнете како изгледа една прошетка преку мостот Руји:

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement