Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Еластичност и сјај: 3 причини зошто витаминот Ц е многу важен за кожата

Решението е во природата

Витамин Ц се наоѓа во многу растенија како што се лимон, грејпфрут, портокали, киви и многу други.

Има исклучителни придобивки за нашето тело, придонесува за зајакнување на имунитетот и е неопходен дел од нашата исхрана.

Ние често го внесуваме во организмот во форма на цедени сокови кога сме болни и кога на нашето тело му е потребна помош за борба против разни микроорганизми.

Придонесува за здраво функционирање на организмот, но и за добра состојба и нега на кожата.

Го стимулира производството на колаген
Колагенот придонесува за еластичноста на кожата, и дава младешки изглед и со текот на времето се троши поради дејството на различните фактори.

За вашата кожа да изгледа убава и младешка, експертите препорачуваат редовно да земате витамин Ц.Ова е затоа што го забрзува производството на фибробласти и со тоа ја регулира синтезата на колаген.

Исто така, бидејќи има антиоксидативно дејство, помага во неутрализирање на оштетувањето на слободните радикали (што е главниот виновник за оштетување на колагенот и ДНК).

Дава сјај на кожата
Истражувањата покажуваат дека употребата на витамин Ц може да помогне да се намали хиперпигментацијата, да се создаде униформен тон на кожата и да се намалат воспалителните процеси. Витаминот Ц е една од ретките активни состојки што може да биде погодна за сите типови на кожа.

Ја заштитува кожата од сонцето
Слободните радикали доведуваат до оксидативен стрес и видливи знаци на стареење на кожата. Антиоксидансите можат да ја заштитат кожата со апсорбирање на УВ зраци и спречување на оштетување на слободните радикали предизвикано од УВБ зрачење.

Истражувањата покажуваат дека витаминот Ц го намалува ризикот од изгореници од сонце за дури 52 проценти.

Ова секако не значи дека треба да се користи антиоксиданс како витамин Ц наместо крем за сончање, но може да ви обезбеди дополнителен слој на заштита.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement