Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Како да носите долг кардиган оваа пролет

Оваа сезона, кардиганот ја презема улогата на капут.

Оваа пролет, дизајнерите и инфлуенсерите ни покажуваат нови начини на носење класични парчиња облека.

Парчиња облека како блејзери од твид, блузи со крагна и кардигани го преплавија модниот свет. Сепак неколку кардигани се издвојуваат, особено долгите модели кои играат доминантна улога во стилизирањето на sвездите. Врвните модели како Каи Гербер и Кендал Џенер ги додаваат на своите стајлинзи, докажувајќи дека кардиганот може да се покаже како доста женствен и секси.

За време на периодот на карантин, кардиганите се појавија како задолжително парче, бидејќи се удобни, практични и лесни за носење внатре и надвор од куќата. Оваа пролет долгите кардигани ја добиваат улогата на палта и стануваат клучни парчиња за елегантен изглед во канцеларија или на вашите лежерни прошетки.

Долгите кардигани можете да ги комбинирате со фармерки или панталони со висок струк и мокасини за во канцеларија или со вашите мини здолништа за лесни прошетки низ градот. Трикот што модните експерти често го избираат е да комбинирате долги кардигани со миди фустани и да го истакнете струкот со ремен. Резултатот е многу елегантен и дефинитивно многу женствен.

Исто така, освен кардиганите во основни нијанси, како беж или црна, кои дефинитивно одговараат на сè, не двоумете се да експериментирате со интензивни и пастелни бои. Долгите кардигани во светло жолта или розова нијанса ќе ја надоградат вашата секојдневна облека и веднаш ќе го подобрат вашето расположение.

Во галеријата погледнете ги инспиративните примери.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
casibom