Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Ова е најдобриот природен лек за жените во менопауза: Ги намалува топлотните бранови, ги зачувува коските и го подигнува расположението

Оваа билка е најдобриот природен лек за менопауза!

Менопаузата е природен процес што можеме да го прифатиме како ново животно искуство, со различни шанси, можности и да научиме како да уживаме во оваа возраст како и секоја друга. Сепак, непријатните симптоми на менопауза со кои се соочуваат жените може да го загрозат нивниот секојдневен начин на живот и негативно да влијаат на нивното физичко и ментално здравје.

Главните симптоми на менопауза се топлотни удари (топли бранови), зголемено потење, хормонален дисбаланс, ненадејни промени во расположението, забавен метаболизам, несоница, страв од промена …

За да се ублажат овие симптоми, потребно е да се преземе цела стратегија, како на ментално, така и на физичко ниво. Обидете се да спиете повеќе, да медитирате, да останете во природа, да ја регулирате вашата исхрана, да разговарате со психотерапевт … Постојат голем број совети кои можат да ви помогнат да ја прифатите менопаузата, да се прилагодите на тоа и да бидете среќни и покрај сè.

За физички симптоми, препорачуваме да пробате неколку лекови од природата, а еден од водечките е растение кое помага во ублажување на многу негативни симптоми и го зачувува здравјето на организмот.

Црниот кохош е познат и како „чувар на здравјето на жените“. Расте највисоко во Северна Америка, а познато е уште од античко време, бидејќи Индијанците го користеле за лекување на разни здравствени проблеми – од нервоза до кашлица.

Најлекувачкиот дел од црниот кохош е коренот, што во пракса се покажа како многу ефикасен лек за бројни здравствени турбуленции во менопаузата. Одличен е и за лекување на проблемите предизвикани од ПМС, бидејќи го намалува ризикот од мигрена, надуеност и болка.

Во менопауза, се користи за намалување на топлотните удари, подобрување на спиењето, намалување на ризикот од остеопороза и губење на коскената густина, намалување на нервозата, стимулирање на расположението и намалување на болката и грчевите во матката.

Повеќето од непријатните симптоми во менопаузата се јавуваат како последица на пад на естрогенот, а коренот на црниот кохош е богат со фитоестроген, што го поттикнува одржувањето на оптималното ниво на естроген во организмот.

Црниот кохош најчесто се користи во форма на чај или билни капки.

Забелешка: Пред да го користите ова растение за медицински цели, задолжително консултирајте се со специјалист по природна медицина и лекар.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement