Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Додадете троделно одело во вашата основна пролетна гардероба

Троделно одело веќе не е само дел од машката гардероба.

Марлен Дитрих за прв пат се појавила во троделно одело уште во 1930 година, а малку подоцна, нејзините стапки ги следеле Брижит Бардо и Бјанка Џегер, кои покажале како жената може да изгледа моќно во снежно-бело одело.

Денес, појавата на sвезди во таква облека веќе не е изненадување. Модните блогери отидоа чекор подалеку – докажаа дека панталоните со елек можат да се носат не само за официјални настани, туку и за прошетки и до канцеларија. Оваа пролет вреди да се разгледа ова откритие.

Сега троделното одело може да се носи со долг мантил или палто, а кога ќе стане малку потопло, „тројката“ може да се носи и без палто. Вреди да се забележи мултифункционалноста на комплетот. Наутро за работа носете го оделото со класични мокасини или патики, а по долг ден во канцеларија, заменете ги патиките со високи потпетици и подготвени сте да излезете навечер.

Добрата работа во комбинацијата на елеци, панталони и блејзери е што овие елементи можат да се носат заедно или одделно. На пример, можете да ги замените панталоните од комплетот со фармерки, а може да носите и блејзер со фустан или други парчиња облека.

Посебно внимание оваа сезона треба да се посвети на оделата во крем нијанси кои се изработени од природни ткаенини, како што се лен. Сепак, не мора да барате соодветна „тројка“ само меѓу женските модели, погледнете ги и машките колекции. На современата мода, нема родовни граници, а преголемите одела се во тренд.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement