Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Прв пат во јавноста: Џиџи Хадид и Зејн Малик со малата Каи

Џиџи Хадид и Зејн Малик беа фотографирани за време на прошетка низ Њујорк, како семејство со нивната новородена ќерка Каи.

За таа пригода, Џиџи реши да облече блејзер во пригушена портокалова нијанса од брендот Lesianebo, бел top и фармерки Good American. Стајлингот е надополнет со жолти чорапи, кожни патики, овални очила за сонце, црвена и црна шарена марама околу вратот и црна заштитна маска.

Еднакво лежерна облека избра и Малик. Поточно, тој на себе имаше црна маица, јакна, фармерки, црни чизми и заштитна маска.

Малик неодамна зборуваше за прилагодување на татковството. „Искрено, таа е неверојатна“, рече тој за животот со Каи. „Многу луѓе со кои разговарав, пред таа да се роди, рекоа дека тоа ќе биде голема промена. Но, искрено, таа е неверојатно бебе. За мене и Џиџи беше многу лесно да се прилагодиме. Ни го олесни тоа, бидејќи спие многу добро и го обожава своето млеко. Ние само ја храниме и менуваме пелени. Лудо е и уживам во секој момент “.

Прочитај

Cotton Club

Силуетата изгледа издолжена и хармонична, а половината е визуелно нагласена, а да не зборуваме за удобноста. Доколку барате панталони кои визуелно го стеснуваат вашиот...

Green Tea

Што треба да јадете, а што генерално да избегнувате? Промените во животниот стил, вклучувајќи ја исхраната и губењето на тежината, се главните начини за...

Green Tea

Доколку имате проблеми со спиењето, тогаш овој чај е вистинското решение за вас. Кога се соочуваме со замор, несоница, стрес и нервоза, честопати бараме...

Green Tea

Дури и кога ќе го напуштите Фејсбук или Инстаграм, Мета може да продолжи да собира податоци за вашите онлајн активности ако сте најавени. Причината...

Advertisement