Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Носете aviator јакна преку свилен фустан како Ријана

Додека фановите го чекаа новиот албум на пејачката веќе пет години, поп дивата не брза да го објави.

Според неа, таа ќе го објави албумот кога ќе биде подготвена за него, но посочи дека постојано работи на нова музика. И додека го чекаме новиот албум, не престануваме да се восхитуваме на неверојатните стајлинзи на убавицата од Барбадос.

Пред неколку дена Ријана е снимена од папараците како оди во нејзиниот омилен ресторан во Лос Анџелес во розово палто, а сега е „уловена“ на истото место.

За ноќната вечера, Ријана сега избра фустан во боја на слонова коска од свиткана свила, која ја искомбинирала со кратка авијаторска (aviator) јакна во кафеава боја. Стајлингот го надополни со свилени чизми со остар врв што одговараше на фустанот.

Кога станува збор за фризурата, Ријана од плетенките формирала пунџа – минималистичка фризура која не го одвлекува вниманието од самиот стајлинг.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
casibom