Официјално е: Каја Гербер ќе игра во 10-тата сезона на хит-хорор серијата „American Horror Story“.
Веста на неговиот Инстаграм профил ја објави креаторот на серијата Рајан Марфи, кој напиша: „Многу сум среќен што објавувам дека Каја Гербер се приклучи во семејството на American Horror Story“.
Деветнаесетгодишната манекенка го остави својот коментар под објавата, шегувајќи се: „Ако сонувам, не ме буди“.
Сепак, ова нема да биде нејзино прво филмско учество, бидејќи има остварено неколку настапи на малите екрани за „The Last Day of Summer“ и „Sister Cities“, но и во некои видеа, како што е „Crying in the Mirror“.
Рајан Марфи го откри и името на новата сезона на American Horror Story. „Double Feature“ во суштина се две приказни што ќе се одвиваат паралелно, едната на море, а другата на копно. Како што можете да видите, неизвесноста повторно ќе достигне врв, додека Гербер ќе има можност да игра покрај многу талентирани актери, како што се Меколеј Каулкин и Сара Полсон.


