Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Ода на слободата во новата колекција на Stella Mccartney

Фантазираме за постпандемиска облека…

Здружувајќи се со јапонскиот уметник Јошитом Нара за пролет/лето 2021 сезоната, Stella Mccartney штотуку ја претстави својата најнова колекција есен/зима 2021. „D is for Desire“, од нејзиниот манифест „A до Z“.

Земајќи ја предвид моменталната глобална ситуација, секој презентиран изглед ја изразува нашата желба да се облечеме и да излеземе надвор. Екстравагантните дизајни и бои се комбинираат со задебелени текстури и материјали за да се нагласи и слави наследството на модниот бренд. Фустанот од циклама доаѓа со пријатна силуета со наборни детали, а е во комбинација со виолетови чизми украсени со светки. Повеќе нијанси на боја може да се видат на чизмите што одат преку бутовите, додека удобноста е нагласена со ѕвонарски панталони. Психоделични, изменети шаховски табли се додадени заради динамика на плетените џемпери и здолништа.

Како и секогаш, Stella Mccartney имаше во предвид одржливоста и користеше еколошки материјали. Овој пат, околу 77 проценти од колекцијата е создадена од волна добиена на етички и одговорен начин, sequins без PVC елементи и многу повеќе. Исечената и преголема јакна MA1 е изработена од регенериран најлон и ECONYL®, додека тесните фустани се создаваат со употреба на forest-friendly вискоза. Исто така, одговорно се креираат додатоци, во форма на вегански и cruelty-free чанти, биоразградливи Chelsea чизми и многу повеќе.

Целата колекција можете да ја видите во галеријата, додека ве чека видео под текстот:

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement